BETA-G Immuno

Beta G-Immuno,
додаток во исхрана, природен имуностимулатор

Состав:

1 капсула содржи:

  • 200 mg бета-глукан;
  • 80 mg аскорбинска киселина (витамин Ц);
  • 7,5 mg цинк (во форма на цинк-глуконат);
  • 30 mg коензим Q10.

Механизам на дејство:

БЕТА-Г имуно е идеална комбинација на природни супстанции за зајакнување на имунитетот.

Коензимот Q10 обезбедува доволно количество енергија која му е потребна на имунолошкиот систем во борбата против патогените причинители, поседува антиоксидативни својства, ја чува функцијата на срцето и обезбедува виталност.

Бета-глуканот и витаминот Ц се моќни антиоксиданси кои ја неутрализираат активноста на слободните радикали. Слободните радикали ги оштетуваат клетките на организмот и со текот на времето доведуваат до забрзано стареење и појава на бројни тешки заболувања.

Цинкот е вклучен во речиси сите сегменти на имунитетот и е важен за нормално функционирање и отпорност на организмот, бидејќи влијае на зголемување на бројот на одбранбените клетки – лимфоцитите.

Може да се применува кај:

  • Ослабен имунолошки систем;
  • Често разболување од вирусни и бактериски инфекции;
  • Изложеност на зголемена продукција на слободни радикали (пушење, изложеност на токсични супстанции, загаден воздух);
  • Радиотерапија и хемотерапија (ги ублажува нивните несакани ефекти);
  • Хроничен замор;
  • Постари лица;
  • Лица со позитивна семејна анамнеза за карциноми.

Начин на употреба

За возрасни и деца над 12 години е 1–2 капсули на ден.
Капсулата се пие со вода, половина час пред јадење.

Пакување

30 (2×15) капсули во блистер пакување, во кутија.