
Проста Баланс, додаток во исхраната:
внимателно избрана комбинација од екстракти и минерали, дизајнирана за одржување на репродуктивното здравје кај мажите
Состав:
1 капсула содржи:
- 180 mg сув екстракт од Сабал палма (Serenoa repens);
- 90 mg сув екстракт од семе од тиква (Cucurbita pepo);
- 50 mg сув екстракт од корен од коприва (Urtica dioica);
- 4 mg екстракт од ликопен;
- 50 mg фитостероли;
- 10 mg цинк (како цинк глуконат);
- 0,04 mg селен (како натриум селенит).
Механизам на дејство:
Сувиот екстракт од Сабал палма содржи фитостероли и слободни масни киселини, кои покажаа ефикасност во ублажувањето на симптомите на бенигно зголемување на простатата.
Екстрактот од семе од тиква е богат со витамини, омега-3 и омега-6 масни киселини и фитостероли, што наоѓа примена при состојби на зголемена простата.
Екстрактот од корен од коприва придонесува за подобрување на симптомите на долниот уринарен тракт кај бенигна хиперплазија на простатата.
Ликопенот е моќен антиоксиданс.
Фитостеролите ја инхибираат (спречуваат) преобразбата на тестостерон во DHT (дихидротестостерон).
Цинкот е присутен во највисока концентрација во човечкото тело токму во простатата. Тој е неопходен за синтеза на машкиот полов хормон.
Селенот е еден од најважните антиоксидантни минерали.
Може да се применува кај:
- Отежнато, некомплетно (нецелосно) и зачестено уринирање;
- Воспалителни промени во уринарниот тракт;
- Нарушена сперматогенеза.
Начин на употреба
Се препорачува земање на една капсула дневно, по главниот оброк, со течност.
Пакување
30 (2×15) капсули во блистер, во картонска кутија.
