Како да одредите кој број на Грубин обувки ви одговара?

Поради специфичноста на анатомското лежиште на GRUBIN, потребно е да се обрне внимание при одредувањето на бројот.

За целосно да се почувствуваат сите предности на анатомските обувки, стопалото мора убаво да легнува на анатомското лежиште. Задолжително е придржувањето до следниве правила при одредувањето на точниот број:

1. Прстите не треба да го допираат работ на газната површина, како што ни петата не смее да стои на работ од лежиштето.

2. На стопалото треба да му се остави простор од неколку милиметри во пределот на петата и прстите.

3. На прстите им треба малку слободен простор при движењето.

4. Напоменуваме дека евентуалниот недостаток во ширината на лежиштето не може да се надомести со земање поголем број. Тоа всушност може да предизвика само проблеми. Значи, при изборот на соодветен број, покрај доволната должина, мора да се обрне внимание и на ширината на лежиштето. Стопалото, покрај тоа што не смее да ги допира предниот и задниот дел, не смее никаде да легнува ниту на работ од лежиштето.