
Thinny, додаток во исхраната:
Помага во регулирање на телесната тежина.
Состав:
Една капсула содржи:
- 500 mg глукоманан (екстракт од корен на Amorphophallus konjac);
- 0,025 mg хром (во форма на хром пиколинат).
Механизам на дејство:
Thinny е додаток во исхраната наменет за регулирање на телесната тежина.
Глукомананот, растворливо диетално влакно, во комбинација со хромот придонесува за намалување на телесната тежина, како и за одржување на нормалното ниво на холестерол и глукоза во крвта, со поволно дејство врз варењето. Глукомананот при контакт со вода набабрува и зазема простор во желудникот, поради што е важно да се консумира со многу вода. Го забавува празнењето на желудникот и создава чувство на ситост (без чувство на надуеност и несакани гасови во дигестивниот систем), што доведува до намален енергетски внес.
Глукомананот (конјак манан), во комбинација со енергетски рестриктивна диета, помага при губење на телесната тежина (позитивен ефект се постигнува со дневен внес од 3 g глукоманан, распоредени во три дози од по 1 g, со 1-2 чаши вода, пред оброци и како дел од енергетски рестриктивна диета). Исто така, придонесува за одржување на нормална концентрација на холестерол во крвта (позитивен ефект се постигнува со дневен внес од 4 g глукоманан).
Хромот придонесува за нормален метаболизам на макронутриенти и за одржување на нормално ниво на глукоза во крвта. Го стимулира разградувањето на мастите и јаглехидратите, помагајќи во контролирањето на телесната тежина.
Индикации:
Thinny ефикасно и докажано:
- го намалува апетитот и создава чувство на ситост;
- придонесува за слабеење и намалување на телесната тежина;
- помага во одржување на нормално ниво на холестерол во крвта;
- придонесува за одржување на нормално ниво на глукоза во крвта.
Дозирање и начин на употреба:
Две капсули, три пати на ден, половина час пред оброк, со доволно течност (најмалку 2 dl). Препорачаната дневна доза не смее да се надмине.
Пакување:
60 (4×15) капсули во блистер пакување, во кутија.
