
Магнезиум плус, додаток во исхраната:
Поддршка за здравјето на мускулниот и нервниот систем.
Состав:
1 филм-таблета содржи:
- 375 mg магнезиум (во форма на магнезиум оксид);
- 0,55 mg витамин B1 (тиамин);
- 0,70 mg витамин B2 (рибофлавин);
- 8 mg витамин B3 (ниацин);
- 3 mg витамин B5 (пантотенска киселина);
- 1,40 mg витамин B6 (пиридоксин);
- 0,025 mg витамин B7 (биотин);
- 0,00125 mg витамин B12 (цијанокобаламин);
- 0,10 mg фолна киселина.
Механизам на дејство:
Магнезиум плус содржи оптимална количина магнезиум и витамини од Б-комплексот, кои синергистички придонесуваат за здрава мускулна функција, нормален метаболизам на енергијата и правилно функционирање на нервниот систем.
Магнезиумот придонесува за одржување на нормалната функција на мускулите и нервниот систем. Исто така, го поддржува здравјето на коските и забите, учествува во одржување на енергетската рамнотежа и балансот на електролити, како и во намалување на заморот и исцрпеноста. Магнезиумот игра улога и во синтезата на протеини и регулацијата на нивото на шеќер во крвта.
Витамините од Б-комплексот ги вклучуваат осумте витамини Б (B1, B2, B3, B5, B6, B7, B9, B12), кои имаат важна улога во одржувањето на здравјето на телото. Овие есенцијални хранливи материи помагаат во претворање на храната во енергија, со што го одржуваат организмот витален. Витамините од Б-комплексот се неопходни за здравјето на косата, кожата, ноктите, забите и коските. Иако работат заедно, секој од нив има свои специфични придобивки.
Индикации:
Магнезиум плус може да го користат сите како поддршка за здравјето на мускулниот и нервниот систем, како и за заштита на срцето и крвните садови. Особено се препорачува:
- при грчеви во мускулите;
- при главоболки и мигрени;
- во состојби на психички и физички стрес;
- кај лица со дијабетес.
Препорачлива е и употреба кај бремени жени, доилки и спортисти.
Дозирање и начин на употреба:
1 таблета дневно по оброк или според препорака на лекар. Препорачаната дневна доза не смее да се надмине.
Пакување:
30 (2×15) филм-таблети во блистер пакување, во кутија.
