Зада Куркумин форте

Куркумин форте, додаток во исхраната:
Заштита за црниот дроб и зглобовите, антиоксиданс.

Состав:
1 филм-таблета содржи:

  • 500 mg сув екстракт од куркума (Curcuma longa) – стандардизиран на мин. 95% куркуминоиди;
  • 5 mg сув екстракт од плод од црн пипер (Piper nigrum) – стандардизиран на мин. 98% пиперин.

Механизам на дејство:
Истражувањата покажале дека екстрактот од коренот на куркума (Curcuma longa) придонесува за запирање на оксидативните оштетувања, неутрализирајќи ги штетните ефекти на слободните радикали кои ги оштетуваат клетките на организмот со оксидација на нивните структури. Со текот на времето, ова доведува до забрзано стареење и развој на хронични заболувања (атеросклероза, карцином, ревматоиден артритис, очна мрена, Паркинсонова и Алцхајмерова болест, дијабетес итн.). Куркумата исто така има силно противвоспалително и антимикробно дејство, го инхибира ослободувањето на хистамин од мастоцитите и покажува универзално антитуморско дејство.

Екстрактот од плодот на црниот пипер, односно неговата активна состојка пиперин, ја подобрува апсорпцијата на куркуминот и со тоа ја зголемува неговата биорасположливост, зголемувајќи ја неговата ефикасност.